
Јуве штотуку го назначи Тудор за нов тренер, а веќе работи на ангажман на негов наследник!
Тудор со Јувентус потпиша договор до крајот на сезоната, па клубот во него гледа привремено решение. Тој веќе е искусен тренер и сигурно сака и подолго да се задржи во клубот, но раководството има поинакви планови.
Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус сака да го врати Антонио Конте.
Конте во моментов е тренер на Наполи, но не е задоволен од раководството на тој клуб.
Кога Наполи маршираше кон титулата, тие му го продадеоа Квича Кварацхелија, без да донесат соодветна замена.
Тоа се одрази на резултатите, Наполи во изминатиот период загуби многу бодови. Тие се уште се во трка за Скудетото, но шансите им се помали за разлика од претходно.
Јувентус не е единствениот клуб кој се интересира за Конте, за него има интерес и од Милан, а дури се споменува и Интер.