Пеп ги потврди лошите вести за повредата на Халанд!

Во финишот од сезоната кога Манчестер Сити води голема битка за местата кои водат во Лигата на шампионите, ќе продолжат тоа да го прават без нивниот најдобар напаѓач.

Повредата на Халанд не е наивна и тој ќе биде во аут меѓу еден и два месеци.

„Докторите ми рекоа дека Ерлинг Халанд ќе биде надвор од теренот меѓу пет и седум недели“, вели Пеп Гвардиола.

„Се надевам дека ќе се приклучи кон крајот на сезоната и ќе биде подготвен за Светското клупско првенство“.