Алкалоид на Велигден ќе ја бие клучната битка за историско европско финале!

Македонскиот ракометен клуб Алкалоид обезбеди место во полуфиналето на Европскиот куп на ЕХФ, откако го елиминираше Баја Маре, а во последната рунда пред големото финале ќе ги одмери силите со норвешкиот тим Рунар.

Првиот меч ќе се одигра на 20 април (19 часот), кога „фармацевтите“ на големиот христијански празник Велигден ќе го пречека ривалот од Норвешка во салата во скопска Автокоманда. Дуел во кој македонскиот тим ќе се обиде да дојде до значителна предност која потоа би бим донела историско европско финале. Реваншот ќе се одигра седум дена подоцна (27 април) на теренот на противникот со почеток во 17 часот.

Во второто полуфинале, тимот на Извидач од Босна и Херцеговина го чека победникот од пресметката меѓу Партизан и АЕК Атина.