Вокер му држеше лекции на Феликс: Додај ја топката, овде никој не е Меси (ВИДЕО)

Милан загуби од Наполи со 1-2 и така продолжи со лошите резултати под водство на тренерот Сержо Консеисао, но едно видео привлече внимание на навивачите.

Искусниот дефанзивец Кајл Вокер му држеше лекции на еден од најскапите фудбалери во светот, Жоао Феликс.

„Додај ја топката, овде никој не е Меси“, му кажа Вокер на Феликс пред почетокот на второто полувреме.