Фиорентина оствари важен триумф, Кин со еден гол ја расплака Аталанта (ВИДЕО)

Фиорентина славеше во италијанското дерби против Аталанта во 30. коло од Серија А со 1-0 и така освои важни три бодови кои ја враќаат во игра за позициите кои водат во европските купови.

Првото полувреме не понуди големи возбудувања, односно екипите се заканија вкупно шест пати, меѓутоа една од шансите ја реализира Мојсе Кин во 45. минута.

Фиорентина по голот на Кин дополнително се разигра и во второто полувреме беше уште повеќе опасна во нападот, односно создаде дури 10 шанси, меѓутоа не го најде патот до мрежата на гостите од Бергамо.

Аталанта е на третата позиција со 58 бодови, додека Фиорентина се искачи на седмото место и има 51 поен.