Роналдо пред сензационален трансфер и тоа на само – еден месец!

Португалската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо, би можел на само еден месец да го напушти својот актуелен клуб, Ал Наср, за да игра за јужнокорејски Уљсан на претстојното Светско клупско првенство.

Португалецот има договор со саудискиот тим, кој истекува ова лето, а УЕФА ја одложи летната трансфер сезона за да им овозможи на клубовите да се засилат пред почетокот на Светското клупско првенство. Оваа одлука отвора можност за некој од тимовите, како што е Улсан, да го донесе Роналдо на еден месец.

Роналдо оваа сезона одигра 34 натпревари за Ал Наср, постигна 27 голови и запиша четири асистенции. На Светското клупско првенство учествуваат 32 екипи, кои ќе бидат поделени во осум групи во почетната фаза.