Белингем не мрда од Реал: Уште 10-15 години ќе го носам белиот дрес!

Џуд Белингем вели дека не планира да го напушти Реал Мадрид и веројатно до крајот на кариерата ќе игра во кралскиот клуб.

Белингем веднаш по доаѓањето во Реал Мадрид се промовираше како многу значаен фудбалер за тимот и веќе е недопирлив.

„Реал Мадрид е перфектниот клуб за мене“, вели Белингем.

„Среќен сум во Мадрид и мислам дека во наредните 10-15 години ќе го носам белиот дрес“.