„Ибра се фалеше дека е газда во соблекувалната на Интер, а потоа му дојде Фиго“

Поранешниот играч на Интер, Луис Хименез открива една пикантерија од соблекувалната кога во тимот биле и Златан Ибрахимовиќ и Луис Фиго.

Познато е дека Ибрахимовиќ има високо его и ужива да се фали, но овојпат Швеѓанецот бил поразен.

„Еден ден Ибрахимовиќ влезе во соблекувалната и се прогласи за газда бидејќи наводно заработувал најмногу од сите“, вели Хименез.

„Брзо потоа влезе Фиго, го слушна и само го погледна со криво око, без да каже ниту еден збор. Ибрахимовиќ веднаш повлече рачна и призна: „Добро, Фиго има малку повеќе пари од мене, но за неколку години ќе го престигнам“.