Oфицијално: Лајпциг доведе наследник на Розе

Eкипата на Лајцпиг експресно реагираше и доведе наследник на Марко Розе кој по резултатите кои беа под очекувањата доби отказ.

Нов тренер на тимот е Жолт Лев со кој е потпишан договор до крајот на сезоната, кога според најавите од Германија ќе се побара некое поголемо име.

Младиот унгарски стратег уште во 2012 година е дел од системот во Ред Бул каде што по работата во младите категории на Салзбург премина во Лајпциг и се задржа до 2018 година.

Во тој период беше асистент во Лајпциг, а подоцна истата позиција ја извршуваше во ПСЖ, Челси и Баерн Минхен.