Ивановски загуби од Микрут во финалето на турнирот во Опатија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски беше поразен од Лука Микрут со 0-2 во сетови, односно 3-6 и 6-7 во финалето на турнирот во Опатија.

Првиот носител на турнирот направи брејк на сервисот на Ивановски во четвртиот гем (3-1), по што сервираше сигурно до крајот за да го освои сетот со 6-3.

Ивановски успеа да го изненади Хрватот на стартот на вториот сет и да поведе со 3-0, но набрзо Микрут возврати и го внесе сетот во возбудлива завршница, а победникот се решаваше во тај-брејк каде што подобар беше Микрут со 7-4.