
Аморим до Фернандеш: Ти нема да одиш никаде!
Последниве денови кружат гласини дека португалскиот фудбалер би можел да се пресели во Шпанија, но менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, категорично ги негираше овие тврдења.
„Не, тоа нема да се случи. Тој не оди никаде, бидејќи веќе му го кажав тоа“, изјави Аморим.
Фернандеш оваа сезона е еден од најдобрите и најконстантните играчи на Јунајтед, предводејќи го тимот со своето искуство и квалитет. Како една од ретките светли точки во тимот, се очекува да остане во клубот и да ја продолжи својата лидерска улога.