
А, за играчот на натпреварот - четири табли јајца!
За најдобар играч во домашниот тим беше прогласен голманот Јан де Бур кој, притоа, како награда доби четири табли јајца. Де Бур на тој меч, меѓу другото, одбрани и пенал и е најзаслужен што поразот на Брин не беше уште поубедлив.
Причината за тоа што тој доби јајца како награда е поддршката која клубот ја дава на локалните земјоделци, конкретно компанија која е меѓу спонзорите на Брин, а се занимава со производство и продажба на јајца.