Барса ја победи Жирона за деветти триумф во низа! (ВИДЕО)

Екипата на Барселона славеше победа против Жирона од 4-1 и така ја врати предноста од три бода на врвот на табелата во однос на Реал Мадрид.

Беше подобар противник Барселона од самиот старт и создаваше шанси пред голот на гостите, но за гол се чекаше до самата завршница кога Крејчи си ја постигна сопствената мрежа.

На полувремето избраниците на Флик заминаа со предност од 1-0, но само што започна второто полувреме Данџума во 53. минута се погрижи за израмнување. Сепак набрзо на сцена стапи Роберт Левандовски кој прво одлично се снајде во 61. минута и погоди за 2-1, а во 77 минута се погрижи и за  3-1.

Точка на натпреварот стави Феран Торес во 86. минута. Барселона на табелата во Ла Лига е лидер со 66 бода, додека Реал Мадрид е на 63, Жирона пак се наоѓа на 13-тата позиција со 34 бода.

Бојан Миовски поради повреда на коленото со која се врати во Жирона по репрезентативната пауза не настапи.