Астон вила го разнесе Престон и обезбеди полуфинале во ФА-купот (ВИДЕО)

Престон беше лесен залак за Астон вила во четвртфиналето на ФА-купот, откако тимот од Бирмингем триумфира со 3-0 и се пласира во полуфинале на натпреварувањето.

Трите голови на Астон вила беа постигнати во второто полувреме. Два од нив беа дело на Маркус Рашфорд, додека конечните 3-0 ги постави Џејкоб Ремзи.

Астон вила во полуфинале ќе игра против Кристал Палас, додека Нотингем Форест го чека подобриот од дуелот меѓу Бормут и Манчестер сити.