
Нов успех за Георгиевски: Освои злато на големиот Г1 турнир во Скопје!
Златни медали во првиот дел освоија Андреј Василевски и Христијан Симоновски во јуниорска категорија, додека во сениорска конкуренција уште еден голем успех забележа Дејан Георгиевски.
Георгиевски во финалето славеше победа над Германецот Куецуексунгур кој поради повреда го предаде мечот.
Во моментот на прекинот македонскиот претставник имаше водство од 2-0.