Голеада во Тулуз: Брест си замина со целиот плен!

Брест триумфира на гостувањето кај Тулуз во возбудливиот натпревар со шест голови (4-2) во 27. коло од француската Лига 1.

Тулуз беше подобар противник во првото полувреме, но само по број на создадени шанси, затоа што Брест искористи две од нив и водеше со 2-0 на паузата.

Брест постигна и трет гол преку Думбија во 62. минута, по што делуваше дека Тулуз не може да се врати во игра, меѓутоа Сиеро и Кинг потоа покажаа дека сè уште не се предал домаќинот (2-3).

Во драматична завршница, Брест постигна и четврти погодок, и тоа овој пат преку Камара за триумф од 4-2.

Брест се наоѓа на осмата позиција со 40 бодови, додека Тулуз има 34 поени на 10. место во Лига 1.