
Бразилец доаѓа во Битола: Пелистер го договори Рудолф Хекберт!
Десното крило на Бразил има големо ракометно искуство, а исто така постигна и големи успеси со неговата татковина. 31-годишниот ракометар е двоен шампион на Јужна Америка, освои медал на Панамериканските игри и запиша над 300 голови за „кариоките“.
Хекберт во кариерата играше и за тимови како Ла Риоха, Хуеска и Куенка, од каде што доаѓа во Пелистер.