Наполи го среди Милан и остана во игра за титулата во Серија А (ВИДЕО)

Екипата на Наполи славеше во дербито на 30. коло од Серија А откако вечерва на домашен терен го совлада Милан со 2-1.

Со тоа, тимот од Неапол остана во игра за шампионската титула во Серија А бидејќи и натаму разликата во однос на лидерот Интер е три бода, на осум кола пред крајот на првенството. Својата работа, Наполи ја заврши во воведните 20 минути во кои постигна два гола и долго време имаше предност од 2-0.

Дури во финишот Милан почна да се заканува, Јовиќ во 84. минута ја врати неизвесноста, но „росонерите“ немаа сила барем за израмнување и еден освоен бод.

За Милан ова е трет пораз во последните пет натпревари и со него остана на деветтата позиција на табелата со дури девет бода помалку од четвртото место кое води во Лигата на шампионите.