Бањаја призна: Победив само поради падот на Маркез! (ВИДЕО)

Франческо Бањаја ја запиша првата победа во сезоната, откако Марк Маркез доживеа пад во деветтиот круг од трката во Тексас.

Бањаја ја искористи грешката на ривалот и успеа да запише победа, но сега призна дека триумфирал само поради падот на Маркез и немал шанси да го стигне доколку се тркале до крајот.

„Откако видов дека падна, моја цел беше да направам разлика во однос на останатите ривали. Свесен сум дека победив само поради падот на Маркез. Тој беше побрзо од сите, а јас едвај се обидував да го одржувам темпото“, кажа Бањаја.