Алвеш пред три дена излезе од затвор, а сега дозна дека ќе стане татко!

Жоана Санц, сопругата на поранешниот фудбалер Дани Алвеш, објави на социјалните мрежи дека е бремена, и тоа по само три дена откако Бразилецот беше ослободен од обвинувањата.

Тие двајца најпрво се разделија кога полицијата го уапси фудбалерот, а манекенката најави и развот, меѓутоа парот никога не се разведе официјално.

Во меѓувреме тие се смирија, а сега Жоана објави прекрасна вест со која го израдува Алвеш.

„Не сакав ништо да споделам додека не биде очигледно“, кажа таа.