Инцидент во Куманово: Мечот 40 минути во прекин, дел од навивачите избркани надвор!

Натпреварот меѓу Куманово и Чаир 2030 од претпоследното коло од Првата македонска кошаркарска лига беше прекинат околу 40 минути поради реакција на главниот судија поради однесување на навивачите, што ќе доведе до продолжување на средбата на речиси три часа.

Пред крајот на втората четвртина, судиите ја запреа играта откако навивачите на Куманово упатија навредливи слогани кон гостинските кошаркари и стручниот штаб. Играчите беа повлечени на клупите, а тимот на Чаир подоцна се повлече во соблекувалната. По интервенцијата, трибината со најжестоките навивачи на Куманово беше испразнета, по што натпреварот продолжи.

Ова е трет инцидент во Куманово оваа сезона. Во ноември, мечот против Феникс беше прекинат поради пиротехнички средства на трибините, а во јануари, дуелот со Пелистер беше одложен поради технички проблеми со електронските уреди.