Лудило во Белград: Полицајци го малтретираа капитенот на Партизан, го легнаа и на земја (ВИДЕО)

Ракометниот клуб Партизан вечерва требаше да игра против АЕК во реванш-четвртфиналниот меч од ЕХФ Европскиот куп, но тој натпревар по се изгледа нема да се одржи поради дивеењето на навивачите на домашниот тим.

Подеднакво тензично беше и пред салата Бањица каде дивееја полицајците. На нивен удар беше голманот и капитен на Фудбалскиот клуб Партизан и српски репрезентативец Александар Јовановиќ. Тој се најде на удар на жандармеријата од засега непознати причини, на снимките можеше да се види дека е во жолчна расправија со полицајците, за нешто подоцна да биде соборен на земја.

Тоа предизвика револт кај другиот дел од навивачите кои чекаа да влезат во салата, но беа оневозможени. Голманот подоцна, заедно со својот адвокат, поднел тужба против полицијата поради прекумерна употреба на сила бидејќи во ниеден момент не се гледа дека тој ги оневозможува припадниците на редот во вршењето на својата работа.

Се шпекулира дека Јовановиќ е на удар на полицијата поради тоа што недвосмислено и јавно им дава поддршка на српските студенти кои веќе петти месец протестираат низ цела Србија, барајќи промени во општеството.