
Загрижувачка снимка пред финалето: Отечено окото на Ѓоковиќ (ФОТО)
Десното око на Новак Ѓоковиќ е целосно отечено и црвено, српскиот тенисер се појави во тенискиот комплекс со очила, а користел и капки за очи. Дали тоа ќе влијае на неговиот настап во финалето, ќе се знае наскоро.
Негов противник во финалето ќе биде Јакуб Меншик од Чешка, но неизвесно е копга ќе почне натпреварот. Првично беше закажан за 20 часот, но во моментов во Мајами врне силен дожд, поради што е одложен и информациите велат дека нема да стартува пред полноќ.