
Феликс нема да остане во Милан, а не му е сигурна иднината ниту во Челси
Иако имаше шпекулации дека Милан би можел да го откупи, сепак по натпреварот против Наполи (1-2) стана јасно дека Феликс нема да остане во Серија А.
Раководството на Милан не е задоволно од настапите на Феликс и реши да го врати во Челси на крајот на сезоната, а иднината на Португалецот не е сигурна ниту во Лондон.
Лондонскиот гигант допрва треба да реши што ќе направи со Феликс, односно дали ќе го задржи или продаде во текот на летниот преоден рок.