Проблем за Халанд - на патерици го напушти стадионот во Борнмут (ВИДЕО)

Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд најверојатно го очекува долга пауза откако денеска доживеа повреда на мечот против Борнмут, во четвртфиналето од ФА Купот.

Информациите од Островот велат дека настрадал скочниот зглоб на левата нога поради што норвешкиот репрезентативец го напушти теренот во второто полувреме. Дека нешто сериозно не е во ред со него, стана јасно по натпреварот, кога тој го напушташе стадионот.

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи, може да се види како Халанд си оди на патерици што може да значи дека ќе биде надвор од тимот неколку недели, можеби и до крајот на сезоната.