Митровски стрелец, Динамо не победи во Вараждин (ВИДЕО)

Екипата на Вараждин успеа да остане непоразена во натпреварот против Динамо Загреб одигрувајќи 1-1, а најзаслужен за бодот за домаќините беше македонскиот напаѓач Димита Митровски.

Митровски не беше помеѓу стартерите и на теренот влезе во 62. минута откако се повреди Латковиќ за 14 минути подоцна да ја погоди мрежата на Динамо за водство.

Гостинскиот состав до израмнување стигна шест минути подоцна кога од пенал погоди Петковиќ.

Во редовите на Динамо, Стефан Ристовски одигра 20-тина минути откако влезе на местото на Фрањиќ, додека Аријан Адеми натпреварот го проследи од клупата за резерви.

Овој бод за Динамо е чекор назад во трката за шампионската титула со Ријека и Хајдук. По 27 кола Хајдук е лидер со 51 бод, Ријека има 50, Динамо 46.