
Пеколен почеток на дербито: Наполи за 20 минути му даде два гола на Милан (ВИДЕО)
Резултатот беше отворен по 60-тина секунди игра со голот на Политано, а Лукаку во 19. минута ја зголеми предноста на домашниот тим.
Наполи не смее да си дозволи кикс ако сака да остане во игра за шампионската титула во Серија А бидејќи Интер има предност од три бода.