Баја Маре падна во Скопје, Алкалоид ќе игра историско полуфинале! (ФОТО)
Македонскиот претставник доминираше од почетокот до крајот на средбата и апсолутно заслужено се пласираше помеѓу најдобрите четири.
Натпреварот избраниците на Кире Лазаров го отворија со 4-0 и во продолжение во ниту еден момент гостите не се доближија на помалку од четири голови разлика.
Стигна Алкалоид и о највисоките плус седум во првото полувреме, додека на одмор замина со предност од 18-12.
Во вториот дел следуваше уште посигурна на Алкалоид кој ја одржуваше предноста која одеше и до најмногу до осум гола разлика.
Најефикасен кај Алкалоид беше Петковски со седум гола, додека пет постигна Стојковиќ. Одличен на голот беше и голманот Галевски кој средбата ја заврши со девет интервенции. Во полуфиналето избраниицте на Лазаров ќе се соочат со норвешкиот Рунар Сандефјорд.
За Алкалоид ова ќе биде историско прво полуфинале во европските натпреварувања, а се до минатиот натпревар со Баја Маре кој заврши без победник македонскиот претставник беше и перфеткен со сите победи.