
Лазаров: Огромен успех за македонскиот ракомет!
Алкалоид во полуфиналето се пласираше откако во првиот натпревар на гости ремизираше, а денес славеше победа со седум голови разлика (32-25), но во тимот немаат многу време за радост затоа што ги чекаат натпреварите од плеј-фот во Суперлигата.
„Среќен сум и задоволен, можеби се уште не ја чувствувам таа среќа, немаме ни време да се израдуваме за два дена ни започнува плеј-офот во првенството. Но, тоа е така во професионалниот спорт на највисоко ниво. Мислам дека ова е голем успех за самиот клуб, ракометарите и за македонскиот ракомет затоа што еден клуб составен од 95% македонски ракометари и најмногу млади ќе игра полуфинале во едно европско натпреварување. Навистина тоа ме прави горд, се надевам и луѓето во клубот.
Свесен е Лазаров дека нема да биде лесно во натпреварите кои следат.
На момците им честитам за пожртвуваноста, борбата, играта и пласманот во полуфиналето. Во дадени моменти се чувствува дека ни фалат рутина и искуство да бидеме подобри. Како и да е ова огромен успех. Во полуфиналето против Рунар со оние информации што ги имам досега, не сум ги гледал, очекувам атомски ракомет. Се надевам во иднина ќе прикажуваме и подобри изданија, иако свесен сум дека нема да биде лесно затоа што во составот го немаме и нашиот можеби најдобар ракомет, Марко Митев.