Грчевски поднесе оставка, Управниот одбор ја прифати
Грчевски оставката од тренерската функција ја поднел во текот на вчерашниот ден, а по разгледувањето на актуелната ситуација, Управниот одбор одлучил да ја прифати. Во наредниот период ќе бидат спроведени и формалните процедури согласно договорот и внатрешните акти на клубот.
Од Тиквеш воедно реагираа на информациите што се појавија во дел од медиумите дека станува збор за отказ, нагласувајќи дека таквите тврдења не се точни. Кавадарчани му се заблагодарија на Грчевски за досегашниот ангажман, посветеноста и придонесот во спортските резултати на клубот, посакувајќи му многу здравје, лична среќа и успех во понатамошната тренерска кариера.

Во меѓувреме, управата најави дека веднаш ќе започне разговори за ангажман на нов шеф на стручниот штаб, а јавноста навремено ќе биде информирана за изборот на наследникот на Грчевски.
Тиквеш во соопштението потенцира дека промената на тренерската позиција нема да ги промени амбициите на клубот. Екипата продолжува со редовните тренинзи и подготовките за следните предизвици, со цел да ги исполни зацртаните спортски цели.