Мудрик со обвинувања за допинг-скандалот си ја „затвори вратата“ во Украина!

Украинскиот фудбалер Михајло Мудрик беше надвор од фудбалот поради допинг-скандалот, а неговото најново интервју предизвика бура во татковината и најверојатно со истото си ја „затвори вратата“ во репрезентацијата.

Мудрик беше суспендиран во 2024 година поради позитивен тест на забранетата супстанца мелдониум, а тој кажа дека никогаш претходно не слушнал за оваа супстанца и таа можела да влеза во неговиот организам само додека бил во тренинг-кампот на Украина.

„Никогаш претходно не сум слушнал за супстанца како мелдониум. Тоа е нешто што може да се најде во Источна Европа. Во мојот организам можело да влезе само во Украина. Во Англија нема таква супстанца“, кажа Мудрик.

Мудрик кажа дека нутриционистот на репрезентацијата на неколку дена им носел чаши со таблети, кои играчите требало да ги земат, без соодветен систем за контрола.

Фото: Facebook/Tottenham Hotspur