ФИФА потврди: Инфантино има двајца противници во битката за претседателското столче!
Инфантино ќе има конкуренција во трката за претседателското столче од Филип Дијало од Франција и Козо Ташима од Јапонија.
Французинот Филип Дијало, претседател на Француската фудбалска федерација, ќе биде кандидат со поддршка од европските партнери, додека Јапонецот Козо Ташима, поранешен претседател на Јапонската фудбалска асоцијација и член на Советот на ФИФА, исто така влегува во трката.
Изборите ќе се одржат на 18 март 2027 година во Рабат, Мароко, во рамките на 77. конгрес на ФИФА.