Голем финансиски удар за Манчестер сити - остана без заем од две милијарди долари!
„Фајненшл тајмс“ објави дека преговорите биле во завршна фаза, но американската компанија се откажала од договорот поради неизвесноста поврзана со финансискиот случај на Манчестер Сити и одлуката на независната комисија на Премиер лигата.
Случајот дополнително ја зголемува неизвесноста за клубот од „Етихад“, кој се соочува со последиците од пресудата за финансиски прекршувања.
Независната комисија утврди неправилности поврзани со финансиското работење во периодот од 2009 до 2018 година.
Фото: Facebook/Manchester City