Автокоманда слави голем триумф: Алкалоид го фрли Пелистер на колена (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Алкалоид го доби големото дерби против Пелистер со 30-28 во Автокоманда со одлична игра, а тоа му овозможи на тимот Кире Лазаров да го преземе третото место во Суперлигата.

Екипата од Автокоманда имаше контрола врз натпреварот во поголемиот дел од натпреварот, додека Пелистер се мачеше и постојано бркаше негатива зад домаќинот.