Алушовски: Хановер е силен тим, но ќе се обидеме да изненадиме

Еурофарм Работник престојниот викенд го игра последниот натпревар на домашен терен во групната фаза од ЕХФ Купот, противник на „фармацевтите“ е бундеслигашот Хановер.

Македонскиот клуб денеска имаше прес конференција во пресрет на натпреварот, а на истата говореа предводникот Стефче Алушовски и голманот Градимир Чаневски.

„Последниот европски наттпревар го одигравме пред три недели. Не е тајна дека Хановер е фаворит, тие играат сериозни натпревари во Бундеслигата, а ние овој период игравме лесни домашни натпревари. Хендикепирани сме со неиграњето на Стјепановиќ, а кај нив Атман се враќа во екипата и неговото враќање очекувам да биде единствена измена од првиот натпревар во февруари. Нашата шанса може да ни биде тоа што имаат доста повредени ракометари“, изјави Алушовски.

Голманот на „фармацевтите“ смета дека со поддршка од публиката Еурофарм може да стигне до позитивен резултат против фаворитот.

Многу работи се сменија во нашиот тим за разлика од првиот натпревар против Хановер. Имаме нов тренер, напорно работиме и верувам дека подготвени ќе го дочекаме натпреварот со Хановер. Со поддршка од трибините да се обидеме да го изненадиме бундеслигашот.

Натпревар е закажан за в недела со почеток од 20:45 часот.