
Мајстор за слободни удари: Дури два гола на Барди во топ 10 (ВИДЕО)
Во изборот на Ла Лига за најдобри голови од слободни удари за сезоната 2017/18, на првото место е погодокот на Лионел Меси против Лас Палмас, но веднаш зад него е нашиот интернационалец Барди со голот против Депортиво.
Секако, тоа не е единствен гол на Барди, кој се најде во топ 10, туку уште еден негов гол (против Реал Сосиедад) се најде помеѓу најдобрите, односно на седмата позиција.