Добри настапи на интернационалците: Тричко урна рекорд, Аврамовски до важна победа...

Нашите интернационалци денеска може да се пофалат со добри настапи во квалификациите од Лигата на Европа, а дефинитивно во центар на внимание е Иван Тричковски, кој постави нов рекорд во кипарскиот клупски фудбал.

Тричковски денеска постигна гол во победата на АЕК Ларнака против Штурм Грац (0-2) и така стигна до бројката од 12 погодоци, односно најмногу на европската сцена додека настапува за кипарски клуб.

Од друга страна, Даниел Аврамовски одигра речиси цел натпревар за Олимпија од Љубљана во победата од 3-0 против ХЈК од Финска, па така имаат добар резултат пред реваншот.

Уште еден наш интернационалец Бесир Демири вечерва настапуваше за својата екипа Мариупол од Украина, но немаа среќа против моќниот Бордо од Франција, па беа поразени со 1-3 и сега се наоѓаат пред елиминација од Лигата на Европа.

Мирко Ивановски немаше многу среќа со Хајдук Сплит против Стеауа Букурешт, па одиграа само реми на домашен терен, а нашиот интернационалец го напушти теренот во 64. минута.

И последниот натпревар во кој играше наш интернационалец, поточно Леонард Жута, Риека стигна до добар резултат на гостувањето во Норвешка кај Сарпсборг (1-1) и сега ги очекува реванш на домашен терен.