Тричковски испиша историја во кипарскиот клупски фудбал!

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски испиша историја во кипарскиот клупски фудбал, откако денеска постигна гол против Штурм Грац и стана најдобар стрелец во историјата во европските купови.

Денеска, Тричковски го постигна 12. гол во дресот на кипарските клубови во Европа во победата од 0-2 (натпреварот беше прекинат во 84. минута).

Нашиот интернационалец досега постигна десет гола со АЕК Ларнака, додека останати два ги постигна додека играше во АПОЕЛ. Со денешниот гол ги помина Миленко Шпољариќ од Аполон и Рајнер Рауфман од Омонија, со кои претходно го делеше првото место на листата на стрелци.

Инаку, Тричковски во претходното коло беше стрелец на два гола во победата од 4-0 против Дандлак и така обезбеди пласман на екипата во следното коло од натпреварувањето.