Тричковски постигна важен гол за АЕК Ларнака (ВИДЕО)

АЕК Ларнака игра квалификациски натпревар против Штурм Грац, а во моментов води со 0-2 на гостински терен и се наоѓа пред позитивен резултат од првата средба.

Стрелец на вториот гол беше нашиот интернационалец Иван Тричковски, кој постигна одличен погодок за 0-2, а потоа излезе од игра.

Инаку, ова беше трет гол во Лигата на Европа за нашиот интернационалец.