Ветеранот Барам покажа како се игра тенис, публиката во транс (Видео)

Стартуваше и турнирот на легенди на грен слемот Вимблдон. Како и обично меѓу натпреварувачите е и 63 - годишниот Французин, Мансур Барам, кој и покрај годините покажа дека одлично ракува со рекетот, а воедно и физичката подготвеност е на завидно ниво.

Инаку, тој се натпреваруваше заедно со Британецот Крис Вилкинсон во парови (ветерани) со кого претрпеа елиминација од Фереира (Јужна Африка) и Вотфорд (Австралија). Но, во еден момент од мечот освои неверојатен поен и воедно изнуди аплаузи од публиката.

Минатата година ова натпреварување го освоија Бјоркман и Вудбриџ.