Се „поцрне“ за да се маскира како Харлем Глобтротер и разбуди гнев кај милиони: Расистичко ѓубре!

Да помине покрај вас нема да познаете дека овој маскиран човек е, всушност, еден од, барем, десетте најдобри фудбалери на светот во последниве три-четири години. Тој, можеби, не сакал ништо лошо, но разбуди вулкан од навреди и критики кон него со обвинение за расизам.

Станува збор за Антоан Гризман! Напаѓачот на Франција и на Атлетико Мадрид требало да оди на приватна забава, на која темата била „80-тите“. Како голем фан на НБА-лигата, решил да се маскира како Харлем Глобтротер, но тоа го направил невкусно.

Ставил афро-перика и си го офарбал во црно целото тел и објавил фотографија на Твитер, со објаснување само „забава од 80-тите“. Подоцна објавил уште неколку на Инстаграм, од самата забава.

Ова разбудило гнев кај милиони фанови во светот со неверојатни, дури и многу креативни навреди кон Гризман.  Еден фан напиша „не доаѓај ни близу до мојот ноќен клуб, те молам и благодарам“.

Неколку други го прашаа „Што ли правиш?“, со многу прашалници, друг го нарече „расистичко ѓубре“, еден напиша дека ова е крај за неговата кариера, а многумина му рекоа да ја избрише објавата.

Излезе дека потегот е, преблаго речено, невкусен и многу го сфатиле како расистички чин. Гризман потоа се обиде да се објасни на Твитер.

„Смирете се момци, јас сум голем фан на Харлем Глобтротери и на старите добри времиња. Ова е од почит кон нив“, пишува на првиот твит.

„Се согласувам дека ова беше чудно од моја страна. Ако повредив некого, ве молам да ми простите“, напиша на последниот твит.

Несомнено, настан од вакви размери ќе трае уште во медиумите и ќе има, можеби и последици по фудбалерот. Гризман е еден од најпосакуваните играчи на трансфер-пазарот оваа година и за време на летниот преоден рок и сега, пред јануарскиот. Најблиску до неговите услуги, според гласините, се Барселона и Манчестер јунајтед.