Ги наполнија трибините со секс-кукли, па ѝ се извинија на јавноста! (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Сеул од Јужна Кореја се извини на јавноста поради тоа што празниот стадион го пополни со секс кукли на дување за меч од нивниот шампионат.

Поради пандемијата на коронавирусот, навивачите не смеат да бидат присутни на стадионот, а еден од најдобрите клубови во Јужна Кореја сакаше барем малку да ги наполни трибините.

Нивниот потег предизвика еден куп реакции на социјалните мрежи против Сеул, а клубот потоа на Инстаграм потврди дека станува збор за секс кукли, по што се извини за нивниот потег.