Чудо во Скопје: Дејан Тодевски 24 часа непрекинато го искачуваше Водно! (ВИДЕО)

Скопскиот планинар Дејан Тодевски направи неверојатен подвиг откако изминативе 24 часа непрекинато се искачуваше и спушташе на Водно и успеа да истрча 84 километри и  искачи 9.585 висински метри. 

Големиот предизвик го започна вчера во 16 часот и го заврши денеска со голема подршка од неговите најблиски и останати спортски ентузијасти. Тој се движеше по патеката Цветкова од Средно Водно до Крстовар.

Оваа дисциплина станува многу атрактивна низ светот кај спортските ентузијасти и е наречена Скајранер. Тодевски е првиот кој имаше храброст да почне еден ваков предизвик и успеа го совлада со голем успех. 

Вака изгледаше подвигот на Тодевски, документиран на неговиот „Инстаграм“.