Надал се враќа на терен на 4 јануари во Мелбурн

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе се врати на тениските терени на турнирот од серијата 250 во Мелбурн, кој почнува на 3 јануари.

Освен него, во Мелбурн ќе настапуваат и поранешниот четврти тенисер во светот Кеи Нишикори, Кевин Андерсон, како и Григор Димитров.

Надал паузираше од турнирот во Вашингтон годинава поради повреда на стапалото, а својата здравствена состојба ќе ја тестира наскоро на пријателски меч во Абу Даби.

Шпанецот во моментов е на шестата позиција на АТП-листата, па ќе се обиде следната сезона да го подобри својот пласман.