Меси и Суарез како некогаш во Барса - по два гола и асистенција за крај на кризата на Интер (ВИДЕО)

Иако имаат по 38 години, Лионел Меси и Луис Суарез уште се фантастичен тандем, без разлика што играат во релативно слабата МЛС лига.

Интер Мајами ја прекина серијата од четири натпревари без победа, совладувајќи го на домашен терен Монтреал со 4-2, а во главна улога беа некогашните суперѕвезди на Барселона. Двајцата постигнаа по два гола и си поделија по една асистенција, потсетувајќи на славните денови од Камп Ноу кога најчесто дуелите со противничките екипи завршуваа на овој начин.

Головите на Меси беа нешто поатрактивни, првиот го постигна во негов стил, од работ на шеснаесетникот во спротивната страна, а вториот со лоб удар со кој го измами противничкиот голман.

По оваа победа, Интер Мајами е шестопласиран во Источната конференција со 26 бода, седум помалку од лидерот Филаделфија, но и со натпревар помалку.