Возачот кој газеше навивачи на Ливерпул ќе добие доживотен затвор!?

Британецот Пол Дојл е обвинет за предизвикување на тешки телесни повреди, откако со автомобил влета меѓу навивачи на Ливерпул и почна да ги гази за време на прославата на шампионската титула.

Инцидентот се случи во понеделникот, а возачот повреди дури 79 лица, меѓу кои четири се во критична здравствена состојба. Повредените се на возраст од девет до 78 години.

Дојл денеска се појави на сослушувањето пред судот, а му се заканува доживотна казна затвор поради хоророт кој го предизвика во Ливерпул.

По драмата на улиците на градот, полицијата го приведе возачот и веднаш ја извести јавноста дека не станува збор за тероризам, меѓутоа не го соопшти мотивот за инцидентот.