Димитриевиќ пред потпис со клубот за кој навива од мало дете!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ наскоро би можел да си го оствари детскиот сон и да го облече дресот на српскиот гигант Партизан, откако екипата од Белград покажала сериозен интерес за неговите услуги.

Димитријевиќ се очекува да ја напушти Олимпија Милано и да потпише двегодишна соработка со „црно-белите“, со што конечно ќе добие шанса да го носи дресот на Партизан.

Македонецот во просек постигнуваше по 7,6 поени, 1,6 скокови и 2,9 асистенции во Евролигата со Милано.

Димитријевиќ во кариерата претходно играше за Хувентуд, Валенсија и Уникс Казан пред да се пресели во Италија.

Фото: EPA PHOTO