Гасперини е наследникот на Раниери - потпиша тригодишен договор со Рома!

Искусниот италијански стратег Џан Пјеро Гасперини реши да ја напушти Аталанта по девет години и да се пресели во еден од ривалите на калчолигашот, а тоа е тимот на Рома.

Гасперини е наследникот на Клаудио Раниери на кормилото на „Волчицата“, откако потпиша тригодишен договор со екипата од Рим.

Италијанецот претходно во кариерата ги тренираше Кротоне, Џенова, Интер и Палермо, додека во Аталанта се пресели во 2016 година и постигна добри резултати.

Аталанта ја заврши сезоната на третата позиција во првенството и следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони, додека Рома го освои петтото место.

Фото: Facebook/Atalanta Bergamasca Calcio