Македонија ремизира против Летонија и со еден бод ја заврши Лигата на нации

Македонската женска фудбалска репрезентација одигра нерешено против Летонија (1-1) за крај на Лигата на нации.

Ленче Андреевска беше стрелец на голот за водство на Македонија, меѓутоа Летонија успеа во 65. минута преку Севцова да израмни на 1-1.

Македонија заврши на последното место со еден бод, додека пред неа се Косово со шест поени и Летонија со седум.