
Ал Наср свика прес конференција - ќе се збогува со Роналдо
Ал Наср за денеска свика прес конференција на која се очекува спортскиот директор Фернандо Јеро да објави дека португалскиот репрезентативец ја завршува авантурата во клубот. Такво нешто можеше да се претпостави и во текот на викендот кога Роналдо на социјалните мрежи напиша дека едно поглавје од кариерата му завршува.
Во Шпанија тврдат дека и покрај заминувањето од Ал Наср, Роналдо ќе остане во Саудиска Арабија, но ќе се пресели во тимот на Ал Хилал и со него ќе учествува на претстојното Светско клупско првенство. Ал Хилал е во групата Х каде што се Реал, Пачука и Салцбург што значи дека би играл против својот поранешен клуб.
И покрај тоа што на 105 натпревари постигна 93 гола, не може да се каже дека престојот на Роналдо во Ал Наср е успешен затоа што на тимот не му донесе ниеден трофеј во овој период. Ал Хилал последните две сезони е пред Ал Наср, лани ја освои и шампионската титула, но ќе има голема конкуренција во Ал Итихад кој сега е првак на Саудиска Арабија.